На државниот пат А2, делница Подмоље – Струга – Ќафасан, во период од 11 до 16 часот ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта. Истото ќе застанува на секои 100 метри на патот и ќе врши мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница, известува АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.