На магистралниот пат А2, патен правец Струга – г.п. Ќафасан, поточно од бензинската пумпа на Окта до с. Франгово, ЈП Македонијапат – подружница Струга, од 07.10.2020 среда, изведува работи на пат, асфалтирање, кои според најавата ќе траат четири дена. На местото ќе биде поставена соодветна сигнализација, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
OhridNews