Оштетена решетка над познатите охридски „темници“ претставува вистинска опасност за минувачите. Решетката која се наоѓа во близина на Музејот е поставена на работ од тесната  улица,  каде и најчесто се движат пешаците за да се разминат со автомобилите кои минуваат тука. Искршената решетка некој се обидел да ја санира со конец, што ноќе може да предизвика лажна сигурност, па оттаму е потребно надлежните час поскоро соодветно да ја поправат оштетената решетка, за некому вистински да не му се стемни.


наместо решетки конец

OhridNews
фото: Митко Орачевски