Швајцарската полиција потврдила дека една жена во Цирих успеала да внесе петарди на фудбалски стадион, така што ги сокрила во интимниот дел од телото, пренеле локалните медиуми. Таа била откриена бидејќи се онесвестила за време на натпреварот и лекарите за време на прегледот востановиле дека во интимниот дел од телото имала неколку петарди.
Локалниот командир на полицијата, Андре Дивилар, рекол дека хулиганите станале вистински „мулиња“ за пренос не само на дрогата, туку и на опасни експлозивни супстанции. Тој напомнал дека најдобро решение за овој проблем би била употреба на скенер, како што било пракса на аеродромите. Додал дека е тешко да се извршат индивидуални прегледи на сите оние кои одат на стадионите.