ВМРО НП во Општина Дебрца  ќе го поддржи независниот кандидат Наумче Мицески.

Мотивот да се кандидирам е да дадам придонес за ревитализација на оваа подзаборавена општина, а ќе се залагам особено за подобрување на здравствените услуги на граѓаните на Дебрца, изјави независниот кандидат Мицески.

На денешната прес конференција, ВМРО НП  ги претстави кандидатите за членови на Советот во Охрид. Носител на листата е Јоне Станкоски – актуелен советник. Тој рече дека на листата од ВМРО НП има луѓе кои се со високи мотрални и интелектуални способности, познати и признати во средината во која што работат и луѓе со идеи.

Силата на ВМРО НП е во нашата идеологија нашите позиции и ставови кои и досега се покажале како исправни, рече Станкоски. Покрај него првата половина од кандидатската листа за советници ја сочинуваат:

Александар Калачоски
Стеванка Илиева
Горан Велјаноски
Поликсена Проева
Ѓуро Шурбаноски
Костадинка Наумоска
Боби Еленчески
Стефан Богоев
Јулијана Сарафиноска….

На претстојните локални избори ВМРО НП ќе атакува и на градоначалничката позиција, а адут на партијата, како што е познато, е д-р Томе Гиноски.

Ohridnews