Охридскиот комитет на ВМРО – Народна партија упати честитка до сите граѓани на Охрид и Охридско по повод 102 годишнината од одбележувањето на Охридското востание.
-Овој значаен дел од македонската историја посебно за Охрид во кој востаниците на чело со војводата Петар Чаулев успале да ги протераат српските војски и администрацијата од регионот во Охрид и Струга, не смее никако да биде заборавен. Востанието е исто така значајно што македонските чети го кренале заедно со албанскиот револуционерен округ со кои заедно заробиле неколку српски офицери на овие простори. По десетина дена борба, за жал востанието било задушено, а биле запалени неколку охридски села каде паднале голем број жртви, пишува во честитката од ВМРО-НП.
Оттаму упатуваат критика до охридската Локална самоуправа за игнорирањето на овој значаен празник за охриѓани.
OhridNews