ОК на ВМРО НП реагира на укинувањето на цариснкиот терминал во Охрид и бара централната власт да ја преиспита одлуката која како што истакнуваат од партијата ќе предизвика сериозни штети на охридската економија.
Од петокот царинскиот терминал со кој стопанисуваше ЕМО е затворен по претходна одлука на владата . „Наместо во Охрид сега фирмите од градот ќе треба стоката да ја царинат во Струга на терминал со кој стопанисува приватна фирма од помал обем. Со ваквата непромислена одлука на Царинската управа, граѓаните на Охрид се ставаат во подредена положба“, вели претседателот на ОК ВМРО НП – Ванчо Костоски.
Со оваа одлука голема штета се нанесува и на охридски ЕМО, бидејќи на само еден месец пред објавувањето на нов тендер за продажба на компанијата, државата и ја укинува најпрофитабилната дејност со која таа се занимава.Тоа сигурно негативно ќе влијае на заинтересираните купувачи, смета Костоски.
Тој стравува и дека голем број од шпедитерските куќи кои работеа на терминалот на ЕМО по преселбата во Струга ќе згаснат, зошто како што рече, едноставно конкуренцијата ќе биде преголема.
Г.М.