Состојбата во манастирскиот комплекс Св. Наум, кој е еден од најпосетуваните туристички локалитети во охридско, духовно и културно светилиште на Македонија е во очајна состојба, смета ВМРО Народна партија. За ваквата состојба во Св. Наум најголем виновник е државата беше истакнато на денешната прес конференција на општинската организација на партијата.
– Во моментов не се знае кој стопанисува со Св. Наум и затоа целиот комплекс е во лоша состојба, истакна Ванчо Костоски, претседател на ОК ВМРО НП. Тој посочи дека по одземањето на правото за стопанисување на Националниот парк Галичица во комплексот Св. Наум владее хаос, тезги поставува кој ќе стигне, хигиената на плажата и во заштитените делови е на многу ниско ниво, а во лоша состојба е и паркингот со кој, како што беше речено, се стопанисува под сомнителни околности.
Според ВМРО НП за да се надмине ваквата состојбата државата треба најитно да одлучи на кого ќе му го довери управувањето со комплексот Св. Наум.
-Дали тоа ќе биде Националниот парк, Црквата или друг субјект е сеедно, но треба некој да управува со Св. Наум за да се надмине сегашната хаотична состојба, истакна Костоски.
OhridNews