ВМРО-Народна партија на мартовските локални избори ќе настапи со свој кандидат за градоначалник на Охрид, но во моментов се уште се разгледуваат сите можности,  соопшти в.д. претседателот на партијата Марјан Додевски.

Додевски денеска во Охрид изјави дека на локалните избори партијата ќе настапи самостојно, но во одредени општини е можно коалицирање под услов, да се почитуваат концептот и стратегијата на ВМРО-НП.

Според него, ВМРО-НП најверојатно нема да исфрли кандидат за претседател на Република Македонија, но активно ќе учествува во изборниот процес, преку поддршка на некој од кандидатите.

Стоте илјади наши гласови на парламентарните избори 2005 и 60-те илјади гласови на локалните избори во 2006 година во многу нешта укажуваат дека ВМРО-НП ќе игра значајна улога кај македонското гласачко тело на престојните избори, изјави в.д. претседателот на ВМРО-Народна партија, Марјан Додевски.

Раководството на партијата, како што кажа Додевски, е поддржано во своите активности и од почесниот претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Ohridnews