Според нив станува збор за значаен зафат кој би го зголемил квалитетот на водата за пиење , а би се решиле и бројните проблеми околу водоснабдувањето на приградските населби.
– Водоводот би ја користел водата од извориштето Дувло, од атарот на селото Свиништа и изворите на Коселска Река. Овој извор има голем капацитет, од минимални 135 литри до максимални 2.000 литри во секунда. Се работи за висококвалитетна вода, вели претседателот на ВМРО- Народна партија, Ванчо Костоски.
Евентуалната реализација на овој проект би придонела кон зголемување на заштедата на електричната енергија.
– Вкупната вредност само на водоводот е околу 5 милиони евра. Бидејќи општината сама не може да одвои средства, ги повикуваме пратениците од Охрид, од сите политички партии да се заложат заеднички до Владата за да се издвојат средства за оваа намена од државниот буџет, рече Костоски.
Проектот го имаат изработено јавните претпријатија „Проаква” и „Нискоградба” Охрид.