Резултатот од добрите и успешни политики на ДПМНЕ, како на централно, така и на локално ниво, ги видовме на „големиот народен“ собир на партијата. Дебаклот кој го доживеаја во саботата го покажа одговорот на граѓаните за нивното работење, велат одопштинската ВМРО- Народна партија.

– Автобусите кои беа донесени од скоро цела западна и централна Македонија не помогнаа да се наполни салата и Груевски да се обрати пред полна сала. Да не зборуваме за охриѓани кои беа во многу мал број, иако во изминатите денови вработените во државните и локалните институции беа под силен притисок да присуствуваат на собирот во спортската сала, додаваат од ВМРО- НП.

Според нив граѓаните се помасовно покажуваат дека водењето на државата е во многу лош правец и на работ на пропаста.

OhridNews