Владата се подготвува за предвремени избори изјави денеска во Охрид претседателот на ВМРО НП, Марјан Додоски, пред почетокот на седницата на Централниот комитет на партијата.

-Однесувањето на ВМРО ДПМНЕ, очигледно упатува на заклучок дека владејачката партија се подготвува за предвремени избори кои можат да се случат уште во јуни, а најдоцна во октомври, истакна Додоски.


Тој најави дека и неговата партија ги отпочнува подготовките за избори, што се потврдува со одлуката на Централниот комитет за формирање на Нaционален изборен штаb на ВМРО НП, кој со активности започнува веќе од утре.


На седницата на Централниот комитет на ВМРО НП во Охрид беа верификувани мандатите на членовите на партиските органи и тела.

OhridNews