ВМРО – Народна партија ја повикува Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески да ја преиспитаат својата одлука за класична продажба на државното земјиште наменето за автобуска станица.
– ВМРО – ДПМНЕ во својата кампања пред 2 години најавуваше изградба на современа автобуска станица и тоа со сопствени средства на Локалната самоуправа или со приватно јавно партнерство. Меѓута сведоци сме дека владејачката партија го напушти овој концепт и примени класична распродажба на државно земјиште. Поради тоа ги прашуваме која е гаранцијата дека приватната фирма која ќе го купи земјиштето ќе изгради автобуска станица и дали еден ден заради можна неликвидност истата може да згасне, а со тоа Охрид да остане без автобуска станица . Од овие причини ја повикуваме Локаната самоуправа и градоначалникот да ја напушти оваа концепција и во овој случај примени приватно јавно партнерство, велат од ОК на ВМРО- НП.
Оттаму додаваат дека се друго , како партија, ќе го сметаат како уште еден неостварен проект на ДПМНЕ и Локалната самоуправа.
OhridNews