– Во службен весник број 11 издаден на 30.10 2006 година, јасно се прецизирани критериумите според кои оваа награда се доделува. Прекршени се членот 3. членот 5. членот 6 и членот 8 во кои стои: Општина Охрид во текот на една година доделува една награда и три повелби, наградата се доделува на еден добитник само еднаш, наградата се доделува за животно дело и наградата се врачува во чест на патронот на градот Климент Охридски и таа се доделува на свечена академија – истакна Јоне Станковски советник во локалната од ВМРО НП.
Според Станковски комисијата ги има пропуштени сите овие одредби и тој прашува според кој критерим ги има донесено одлуките. – Со непочитување на одлуките на советот се деградира прво институцијата Совет на Оптшина Охрид, и се девалвира значењето на наградата Патрон на град Охрид. – завршува Станковски.
И Преседателот на општинскиот огранок на ВМРО НП, Ванчо Костоски запрша кои се критериумите според кои се доделни наградите, посебно онаа на Цветко Грозданов.
– Кое е тоа животно дело со кое Грозданов го задолжи Охрид. Пратеникот Грозданов е најголемата кочница за Охрид, бидејќи тој е најголемиот виновник за тоа што Охрид не влезе во втората фаза на децантрализацијата и е голема кочница за поголемиот број на урбанистички решенија, вклучувајки ја 8- та урбана единица – рече Костоски.