– Од денеска подрачните единици на Министерството за правда во републиката, како и во Охрид, ќе бидат отворени. Ќе се собираат десет илјади потписи за промена на државниот грб, односно за поддршка на предлогот на ВМРО НП – златно жолтиот лав на црвена основа од 1620 година да биде нов државен грб, истакна претседателот на ОК ВМРО НП – Охрид, Ванчо Костоски.
Тој додаде дека целта на оваа иницијатива е Македонија како земја која е на праг на влезот во ЕУ и НАТО да го промени стариот грб кој потсетува на еден поранешен систем.
– Доцниме во многу работи и за да не биде и овој пат така треба да го промениме овој државен грб и тој да замине заслужено во историјата, рече Костоски, кој очекува граѓаните масовно да дадат поддршка на предлогот на ВМРО НП, нов државен грб да биде земскиот лав од 1620 година.