Хирургот Томе Гиноски и актуелен советник, неофицијално, ќе биде кандидат за градоначалник на ВМРО НП на претстојните локални избори. Неговата кандидатура официјално ќе биде обелоденета на прес конференција што ќе се одржи утре во седиштето на партијата во Охрид. Партијата на претстојните избори ќе настапи со своја советничка листа, но не се откриваат имињата на кандидатите за советници.


ВМРО НП го предлага д-р Томе Гиноски за градоначалник на Охрид

Со кандидатурата на Гиноски, бројот на кандидати за градоначалник на Охрид се искачи на 6. СДСМ ќе настапи со актуелниот градоначалник, Александар Петрески, ВМРО ДПМНЕ со Кирил Трендафилов – Нанче, кој на претходните локални избори беше кандидат на ВМРО НП, НСДП со Ацо Попоски, ЛДП со Боро Павлоски, a како независен кандидат ќе настапи Владо Рувинов – Љац.

Ohridnews