„ВМРО–Народна партија од секогаш ја поддржувала Македонската Православна Црква и секогаш била на нејзина страна. Како демохристијанска партија даваме поддршка за возобновувањето на конаците кај црквата Св. Богородица Заумска кај месноста Заум“, пишува во соопштението кое оваа партија го испрати до медиумите.

-ВМРО–Народна партија ја поддржува Македонската Православна Црква во ширењето на се што е христијанско. Сметаме дека тоа што таа ги возобновува конаците кои некогаш постоеле на тоа место е подобро отколку атрактивните места да ги зема некој политички моќник или наводни странски инвеститори скриени во маската на светски измамници како што беше примерот со Субрата Рој, потенцираат од партијата.

OhridNews