ВМРО – Народна партија е разочарана од содржината на бомбата на СДСМ вчера во Охрид. Оттаму сметаат дека иако беа многу поголеми, особено по изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека Бакрачески не ќе може да се додржи на градоначалничката функција откако ќе слушне како стигнал до неа, сепак очекувањата не се остварија.
ВМРО НП изрази сомнеж за можен пазар помеѓу двете најголеми партии во Охрид.
„Додека во другите градови каде што СДСМ одржуваше прес – конференции со локални теми имаше функционери од градовите, од Охрид не слушнавме никого. ВМРО – Народна партија се прашува дали општинската организација на СДСМ ги штити локалните моќници на ДПМНЕ или па тие се сосема „чисти“. Времето ќе покаже дали и каков пазар имало меѓу двете најголеми партии.
СДСМ не ги исполни очекувањата на граѓаните околу долгонајавуваната бомба. Со ваков однос, СДСМ може да биде само соучесник во сомнителните работи на власта, а нема целосно да го разобличи режимот.“– се вели во соопштението на ВМРО НП.
OhridNews