ВМРО – Народна партија реагира до локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, наместо  да одат  со приватизација на уличното осветлување, замената на постоечките стандардни светилки со лед  диодни светилки да го изврши самата општина, изјави претседателот на ВМРО – НП Охрид, Ванчо Костоски, на денешната прес-конференција.

Имено на една од последните  седници на Советот на општина Охрид беше донесена  одлука од страна на владејачкото мнозинство за ЈПП (јавно – приватно партнерство) и беше усвоена физибилити студија за оправданост на истата.Од самата студија иако се наведени не баш точни (намерно) податоци, се сугерира уличното осветлување да се даде на партнер во период од 15 години, кој за одреден период би ги заменил сите светилки со штедливи лед светилки и да управува со уличното осветлување во следните 15 години, а во тоа е вклучено и целиот профит од наплатата за улично осветлување да оди кај партнерот.“ – истакна Костоски.

Тој потенцира дека приходот од  околу 7627 светилки колку што има во општина Охрид изнесува 1 000 000 евра годишно, расходот 750 000 евра, со што во касата остануваат 250 000 евра.

Нашиот предлог како партија е градоначалникот Бакрачески уште еднаш да ја преиспита одлуката за риваризација на осветлувањето и за почеток овие 250 000 евра да ги искористи за класично купување на штедливи светилки и тие да бидат заменети во еден дел од градот (Бул. “Туристичка“) па ке се види ефектот од истите на пилот проект односно ке се види каков кавлитет на светлина даваат во споредба со сегашниов, со која јачина (флукси) ке биде осветлено мерното место и колкава ке биде заштедата во енергија . Ако овај пилот проект се покаже успешен да се примени дел по дел низ целиот град и за период од 4-5 години виз целиот град ке се променат сите сијалици а уличното осветлување ке остане  на Општина Охрид.“ – потенцира Костоски.

OhridNews