Општинскиот комитет на ВМРО Народна партија бара раздружување на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“. За таа цел оваа партија бара согласност од Владата за поделба на јавното претпријатие кое пред повеќе од десет години заеднички го формираа општините Охрид и Струга, за да добијат кредит од меѓународна финансиска институција и да искористат грант од германската КФВ банка.

Иницијативата на „народна“ доаѓа во моменти кога „Проаква“ се соочува со серизна финансиска криза, незадововолство кај вработените поради нередовната исплата на платите и  барањето на ЕВН да се подмират милионските долгови за потрошена електрична енергија.

Раздружувањето на Проаква за единствена опција за излез од кризата го сметаат и дел од одговорните во јавното претпријатие, но објективна пречка за тоа  претстатвува договорот за земениот заеднички кредит на двете општини кој го гарантира државата.

Ohridnews