ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА остро го осудува, како што стои во партиското соопштение, донесувањето на урбаниот модул „Билјанини извори“ во режија на локалната самоуправа, Градоначалникот и Министерството за транспорт и врски раководено од ресорен министер Миле Јанакиевски со кое тешко се нарушува еколошкото ткиво на градот и се опустошува комплексот Б.Извори.
„ВМРО-НП ќе ги преземе сите законски и демократски средства за поништување на ваквите одлуки вклучување и на меѓународните институции, канцеларијата на УНЕСКО и канцеларијата на ЕУ во Македонија. ВМРО-НП ги повика граѓаните и своите симпатизери на јавност против политиката на тотално уништување на еколошките и урбаните вредности на градот Охрид“, се вели во соопштението на партијата.
ВМРО НП бара поништување на донесените ДУП-ви
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com