Бакрачески и советничкото мнозинство на ДПМНЕ продолжуваат да го распродаваат имотот на општина Охрид. Најпрво, со ненавременото доставување на материјалите за вчерашната седница тие како да сакаа некако молчејќи да ги протуркаат одлуките за затворен пазар. Иако целата опозиција побара точките да не бидат додадени во дневниот ред, согласно демократските капацитети на власта тие беа вметнати и изгласани, се наведува во соопштението на ВМРО-НП Охрид.
„Со Физибилити студијата и со одлуката за јавно – приватно партнерство за затворен пазар фактички се раскршува имотот на Општина Охрид, 85% оди кај приватниот партнер, а 15% кај општината. Ова е најлошиот економски потег со кој се распродаде имотот на Општина Охрид. Најатрактивното земјиште кое го имаше Општина Охрид ќе го даде за ништо.“ – велат од ВМРО-НП.
Оттаму потенцираат дека со оваа одлука, општината ќе добие само 200 метри квадратни деловен простор, 10 паркинг места и тезгите.
„Најатрактивното земјиште ќе го земе приватниот сопственик. Ги прашуваме Бакрачески и локалната власт на ДПМНЕ дали првиот тендер беше намерно пропаднат со цел да се обезвредни имотот на Општина Охрид?! – стои во соопштението на ВМРО-НП.
ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид
Сликата која сакате да им ја претставите на граѓаните, за наводното развреднување на имотот на општината, е далеку од реалноста. Во физибилити студијата јасно стои дека Јавното претпријатие добива простор на приземјето од 1230 м2, добива 10 паркинг простори во подземниот паркинг, стои во реакцијата н ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
„Зацртано е на вториот кат да добие минимум 200 м2, минимум затоа што за истиот ќе има јавно надавање со што се очекува просторот на вториот кат што ќе го добие Јавното претпријатие да биде значително поголем. Понатака постојната зграда ќе се реконструира во вредност од приближно 420 000 евра, а просторот што ќе биде предвиден за тезги, приватниот партнер целосно ќе уреди и опреми со 190 тезги. Но најважно е тоа што охриѓани ќе добијат модерен, затворен зелен пазар каде ќе можат да ги задоволат секојдневните потреби, а Охрид ќе добие убав и модерен објект на местото од сегашната руина. Да бевте барем малку совесни и да сакавте добро на Охрид и охриѓани ќе се радувавте на секој добар проект како што е проектот за пазарот и ќе ги наведневте главите затоа што ваквите добри дела не успеавте да ги направите во време кога партиципиравте во локалната власт.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
OhridNews