Не можете да најдете ништо ПОДДРЖАНО со факти, па затоа барате по архивите невистини и веќе слушнати работи во кои никој не верува, а ни вие самите, но ете мора нешто да се пишува. Кога веќе прашувате за реконструкција за кејот, одговорот е ДА, тој е делумно реконструиран, а ќе продолжи да се реконструира  во иднина и до пристаништето, се наведува во реакцијата на општинската ВМРО ДПМНЕ.

– Кејот е широк поим и има две страни. Зарем за вас ништо не значи кејот Студенчишта, патеката покрај кејот што води до хотел Парк, патеката Лабино која охриѓани ја користат за секојдневна рекреација, асфалтираниот пат до Велестово, многубројните спортски игралишта коишто се направени во секоја една населба, детските и спортски игралишта што го красат кејот? Дали сакате уште да набројуваме? Прашањето е: Што вие направивте за време на вашето осумгодишно владеење? Каков живот донесовте? Одговорот е НИШТО, односно, еден кружен тек и милионски суми во кафани! , се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Базенот е во тек на изградба и се гради, и дека псоред проектот објектот треба да биде завршен до април 2018 година.

OhridNews