Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на претседателот на СДСМ Заев, кој најави дека повеќе нема да учествуваат на лидерските средби.
„Денешната прес конференција е доказ дека Зоран Заев бега од договорот од 2 Јуни кој самиот го потпиша, а чиј поддржувач беше Европската Унија. Договорот го потпиша Зоран Заев, но не беше прифатлив за Милчин, Фрчкоски, Ордановски и Геровски. Заев денес покажа дека повеќе ги слуша нив од тоа што се слуша самиот себе“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, тоа е доказ дека Заев и СДСМ преку создавање и долготрајно оддржување на политичката криза сакаат негативно да влијаат на растот на економијата и отворањето на нови работни места, правејќи штета на секој еден граѓанин во Република Македонија.
OhridNews
Извор: „Макфакс“