Зоран Заев денеска го најави новиот 15 септември. Ништо ново од СДСМ. Многу зборови, многу пароли, многу ветувања, а никакви резултати. Така беше низ годините, веројатно така ќе биде и ова ветување од денеска, изјави на прес конференција високиот партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.
-Како и неговиот славен претходник, кој ветуваше по еден вработен од секое семејство, така и Зоран Заев чекори по истите политички стапки, ветувајќи се и сешто, и она што е остварливо, уште повеќе неоствраливо, и тоа што е реално и нереално, само и само да се дојде до власта и да се изманипулира еден гласач за глас повеќе. Тое е недоговорно политичко однесување кое СДСМ го има како своја традиција. – реше Милошоски.
Според него Зоран Заев е соочен со изборен пораз кој му претстои и кој нема да може да го правда со никави лаги и манипулации во април следната година. Нема избор, мора да ветува се, за бар да се спаси себе и својата функција во СДСМ, додаде Милошоски.
-Денешната најава на СДСМ е нешто што ВМРО-ДПМНЕ го прави веќе десетина години, пред и на секој изборни циклуси. Десет години спремаме програми и тоа го правиме со граѓаните, ги сослушуваме нивните потреби, ги вклучуваме во проекти даваме рокови и работиме на нивно остварување. Но има една клучна разлика, затоа што ние ги слушаме граѓаните и она што го презентираме како програма секогаш го исполнуваме. СДСМ е добра за претставување на програми и на лажни ветувањ, но недостатокот на СДСМ е што тешко исполнува и остварува. – рече Милошоски.
Тој го обвини лидерот на опозицската СДСМ дека ја лаже сопствената држава и се обидува да манипулира со гласачите.
– Најважно, знаете дека станува збор за човек кој постојано покажува дека тоа што го ветува не знае да го реализира. Тоа најдобро на своја кожа го осетиле неговите сограѓани во Струмица кои му ги паметат и ги живеат лажни ветувањата кои ги даваше во кампањата за локалните избори како сегашен градоначалник на Струмица. -истакна Милошоски набројувајќи што се Заев им ветил, а не исполнил на струмичани.
Според Милошоски клучната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што ВМРО она што го ветува го одработува и го остварува. СДСМ она што го ветува е само покритие за претходните не остварени ветувања, рече Милошоски.
OhridNews