ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозиционата СДСМ дека стои зад  штрајкот што вчера го покрена Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК.

Имаме сознанија дека во седиштето на СДСМ деновиве се повикувани директори и градоначалници членови на партијата и на други опозициски партии на кои им се давани прецизни инструкции како да се организира штрајкот на СОНК, изјави на прес-конференција портпаролот на партијата Александар Бичиклиски. Според ВМРО ДПМНЕ и штрајкот што неодамна го организраше  ССМ бил во полна координација на СДСМ со синдикалниот лидер Ванчо Муратовски.  

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  преку соопштение ги отфрли ваквите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, тврдењата дека опозицијата ги организира штрајковите, не држат, со оглед на тоа што штрајкуваат и училишта кои се во општините каде градоначалници се припадници на ВМРО-ДПМНЕ.

Ohridnews