– Охрид дефинитивно оди назад и тоа може со илјадници аргументи да се поткрепи. На градот му треба нова слика и сосема нов начин на работење, нов начин на равивање, рече претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
Тој истакна дека партијата нема да издвојува поединци кои би се кандидирале на наредните локални избори за градоначалник. Луѓето кои ќе бидат кандидати за градоначалник од оваа партија ќе се истакнат преку својата работа, углед, ангажмани и име.
– Не можеме да издвоиме само еден човек и да наредиме тој да биде кандидат за градоначалник. На таков начин кандидати не се одредуваат. Луѓето преку својата работа и својата успешност ќе се покажат и ќе ги убедат другите луѓе дека можат да бидат кандидати за градоначалник на градот Охрид, истакна Михаилов.
Денешната средба со новинарите од ОК на ВМРО- ДПМНЕ ја нарекоја прва од низата планирани прес- конференции кои редовно ќе се одржуваат и на кои ќе се разговара околу актуелни теми кои ги засегаат граѓаните на Охрид.