Во јавноста излезе информација дека сопругите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, двајца високи функционери на оваа власт, добиле фантастични 600 илјади евра за проекти преку невладин систем, за што постои сериозен сомнеж за трговија со влијание, што е еден од најтешките облици на корупција, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Двајцата повикани функционери молчат, молчи Владата, молчи претседателот Пендарвски, молчат надлежните институции. Веројатно продолжува принципот да се молчи секогаш кога постојат сериозни индиции за некој криминал или корупција. Власта секогаш кога е фатена во некој скандал се обидува тоа да го заташка и да го покрие со други теми. – стои во партиското соопштение.
Овој скандал е сериозен, до толку повеќе што овие средства се делат во време на криза, кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.
Наместо Битиќи да не убедува дека треба граѓаните да штедат и дека растот на цените нема ни да се почуствува, треба да излезе во јавноста и да ги објасни овие трансакции, дали и како влијаел стотици илјади евра да завршат на проект на неговата сопруга. – си истакнува во соопштението.
OhridNews