Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поздрави изборот на претседател на Советот на Општина Охрид, но не го поддржа. Деветте советници на ДПМНЕ гласаа водржано, од како што беше кажано принципиелни причини.


Борче Стефаноски – ВМРО ДПМНЕ

-Му посакувам среќа и успех на новиот претседател за кого немаме лошо мислење, но решивме да бидеме воздржани во гласањето од принципиелни причини затоа што одредени партии кои за време на локалните избори јавно го поддржаа ВМРО ДПМНЕ, ги излажаа граѓаните и сега се свртеа кон другата страна, изјави координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефаноски.


Погодени од ваквата изјава се најдоа советниците од ВМРО НП. Реплицирајќи советникот Јоне Станкоски рече дека изборите се минато и дека сега има сосема друга состојба.

-Не станува збор за никакви коалиции. ВМРО НП даде поддршка на новиот претседавач за да излеземе од кризата во која се наоѓа советот веќе два месеци и во интерес на граѓаните,рече Станкоски.


Александар Петрески

Обидите на градоначалникот, Алекандар Петрески да издејствува консензус околу изборот на новиот претседател на Советот не вродија со плод.

Шареноликоста на Советот треба да придонесе за уште подобри резултати на Советот кој очекувам да работи во интерес на граѓаните, но добро е од почеток да не се делиме, истакна Петрески.


Дејан Паноски – ВМРО ДПМНЕ

Според советникот Дејан Паноски, од ВМРО ДПМНЕ, консензусот не е напредок, и не треба да се бара Советот едногласно да размислува

– Воздржани сме затоа што сакаме овој Совет да почне конечно да работи и да  носи одлуки во интерес на граѓаните, да го дигнеме дигнитетот на Советот, кој беше паднат годиниве наназад, да го кренеме демократскиот збор кој исто така беше паднат затоа што немаше квалитетна дискусија и немаше разграничена позиција и опозиција. Затоа многу повеќе би сакал да се конфронтираме за мислења со советниците од СДСМ и останатите кои ќе имаат различно мислење отколку да ни се наметнуваат вакви или такви одлуки, рече Паноски.


Со 14 гласа ЗА и 9 воздржани, советот денеска за претседател го избра Душко Јаковчески од СДСМ.