Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција повика на граѓански протест во среда на 9-ти септември, против поскапувањето на струјата.
Скришум, на шверцерски начин во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата. И тоа ја качија цената на струјата создавајќи екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија. Но бонбона бизнис. Сметките со поскапа струја не оштетуваат сите. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите станати сме една иста група на граѓани која што гледа една те иста мака. А, тоа е сиромаштијата, затоа што во исто време владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот. Отпорот станува наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен. – рече Мицкоски.
Протестот против поскапувањето на струјата, ќе биде прв од серијата кои што ќе ги организира Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, најави Мицкоски.
Појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика која е маша на власта и која ќе ја повикаме и ќе бараме додека тоа не го направи да се врати цената на струјата по старо. Имаме скапа струја, а сиромашен народ, токму поради тоа ќе протестираме во овој прв од серијата која што ќе трае во следниот период. Тоа е причината поради која ќе излегуваме секогаш со свои барања. – рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека пари во буџетот има, ама Владата на Заев потрошила една милијарда евра на поткуп, а над 8 милиони евра за возила. Тој испрати повик до сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати, здруженија, еснафи и поединци за обединување и формирање опозициски фронт против власта која ја нарече мафија.
OhridNews