На вчерашната седница на советот на општина Охрид, советниците од СДСМ изгласаа одлука со која што наместо раздолжување на општината, тие вршат масовен предизборен поткуп на голем дел од фирмите кои имаат побарувања по различни основи од општината, изјави денеска на прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нашите сознанија и ова е многу важно се сомневаме дека на дел од фирмите им било понудено да им се отплати долгот, но притоа морале да дадат одреден процент од добивката кај одредени луѓе. Па така јавно го прашуваме Градоначалникот и луѓето од СДСМ од Охрид, дали дел од фирмите на кои ќе им биде исплатен долгот, дел од парите ќе мораат да вратат во партијата односно СДСМ и кај Георгиевск? – праша Арсовски.

Арсовски рече дека покрај 8 милиони евра раздолжување, општината ќе остане должна и понатака повеќе од 9 милиони евра на правни и физички лица, долг за кој и натаму ќе продолжат да течат камати и ќе расте долгот на општината.

СДСМ и Георгиески се се повеќе во страв и паника од изборен пораз, па затоа наместо раздолжувањето да се изврши после изборите, тие брзаат да ги завршат сите овие операции претходно, иако рокот е 1ви јуни, но и многу е важно дека не смеат да се прават вакви трансфери на пари во изборна кампања кои сепак алудираат на изборен поткуп. – рече Арсовски.

OhridNews