Со хепенинг што вечерва на полноќ ќе се одржи пред седиштето на партијата, ВМРО ДПМНЕ ќе ја започне предизборната кампања во Охрид за локалните и претседателските избори.
Утре ВМРО ДПМНЕ ќе одржи прес конференција, а првиот ден од предизборната кампања партијата ќе го заокружи со голем мититинг на градскиот плоштад во Охрид.