Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ сериозно се екипира. Како што неофицијално дознаваме од извори блиски на партијата во новиот Општински комитет  ќе има многу нови лица. Дознаваме дека во Комитетот членови ќе бидат  Дејан Пановски , член на Советот на општината и еколог  кој се споменува неофицијално и како можен потпретседател на партијата. Но, ако тоа и не е изненадување заради партиската активност на Пановски тогаш како изненадување се смета изборот за член на ОК на проф.д-р Цветан Андреески од факултетот за туризам, а посебно на д-р Никола Бакрачески, директор на Кардиолошкиот Центар. Дознаваме дека членови ќе бидат и д-р Хари Шокаровски и советничката м-рЈованка Дамоска.

Се најавувааат и други имиња на млади магистри и доктори на науки но и на некои искусни членови на партијата. Извори од партијата велат дека новото лице на ДПМНЕ во Охрид сигурно ќе предизвика доста реакции  и ќе иницира сериозни промени на локалната политичка сцена.

Ohridnews