ВМРО ДПМНЕ на трибина што ќе се одржи вечерва под отворено небо на летната сцена Долни сарај, ќе го промовира концептот „Македонија за сите луѓе“ пред симпатизерите и граѓаните на Охрид.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат пратениците Велика Стојкова Серафимовска, Лидија Петковска и Кирил Пецаков кој ќе биде и кандидат за градоначалник на Охрид на претстојните локални избори. Обраќање ќе имаaт и Зоран Љутков, претседател на комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Промоцијата на на концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе се одржи во 19:30 часот.

OhridNews