Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на писменото соопштение на ВМРО-НП, поврзано со Народниот собир на владеачката партија, кој се одржа изминатиот викенд во Охрид.

-Или членовите од ВМРО-НП се слепи или гледаат со затворени очи! Масовноста на општонародниот собир на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов викенд  во Охрид го виде целата македонска јавност но не и ВМРО- НП. Ваквите испади на Народна се очекувани ако се земе во предвид  фактот дека тие не се способни да соберат ни десет, а камо ли десетици, илјадници луѓе како што тоа беше случај на собирот на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид. Фотографиите, телевизиските снимки и новинарски прилози, доволно укажуваат на масовноста на настанот. Општонародниот собир и обраќањето на  Лидерот  на ВМРО- ДПМНЕ  и Претседател на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски во саботата во Охрид беше проследено од бројни охриѓани, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неа се наведува дека нема кредибилитет да оценува масовност на настани, политичка партија како што е ВМРО- НП, која и за да остане на дното од политичката сцена мора да партиципира со одредени политички субјекти.

-Неодамнешниот општонароден  собир во Охрид се организираше за само еден ден без најави и никакви притисоци. Салата при СРЦ „Билјанини извори“ беше преполна  исклучиво од  охриѓани. Уцените  и притисоците врз вработени во јавната и државна администрација станаа свршено минато време во моментот кога овие именки и епитети станаа синоним за  ВМРО-НП, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

OhridNews