Очигледна е паниката кај власта по реките народ кој што се излеаја вчера од незадоволство и против владеењето и трговијата со се што е свето за граѓаните од страна на оваа власт, па денеска политичкото обвинителство во ликот и делот на Вилма Русковска организира напад врз медиуми, што го продаваат како некаква борба и справување со корупцијата. Вака ВМРО ДПМНЕ реагираше денеска откако Јавното обвинителство отвори предмет против три компании, сопственички на интернет портали за незаконско вршење платено политичко рекламирање, за политичката партија ВМРО ПДМНЕ.
Вистината е дека сето рекламирање на партијата ВМРО ДПМНЕ е транспарентно и законски. И се чудиме, како и зошто Вилма Русковска експресно реагира на повикот на СДСМ , а не реагира на очигледен криминал од СДСМ? Пред цел месец реагиравме и обзнанивме дека на СДСМ во извештајот и недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање. – изјави на прес конференција Наум Стоилкоски од ВМРО ДПМНЕ.
Тој рече дека во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи.
Во извештајот на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за еден ден рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува а СДСМ прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Русковска не реагира. Се чудиме како и зошто Вилма Русковска не реагираше и се уште не реагира за скандалот, за очигледниот поткуп, за корупцијата, за врските на СДСМ и Зоран Заев со Миодраг ДАКА, за што беше објавен и снимен разговор; Русковска не реагира ниту сега кога тоа што го посочува ДАКА се реализира во Тетово за скандалот со Шик Јелак. Шик Јелак се случува пред очи ама за тоа нема реакција од Вилма Русковска. – рече Стоилкоски.
Стоилкоски смета дека случајот има за цел заплашување и притисок од партиското обвинителство на СДСМ против медиумите кои што известуваат и ги пренесуваат протестите на опозицијата и бара реакција од еснафските новинарски здруженија.
OhridNews