Охриѓани ги препознаа лицемерието и ароганцијата на СДСМ и затоа не им ја дадоа поддршката на трибината, на која присуствуваа само партиските функционери и директори на јавни и државни институции, ја нападна владејачката партија опозицикста ВМРО ДПМНЕ ден по трибината на СДСМ во Охрид.. Власта на СДСМ ги заборави граѓаните и го наруши кредибилитетот и достоинството на Република Македонија, а криминалот, корупцијата и рекетот на СДСМ и Заев се главната причина зошто се блокира патот на Македонија во ЕУ, остро реагира опозицијата.
-Владеењето на СДСМ во Охрид ќе биде владеење на срамот поради дозволувањето милионски суми да бидат извршени од доверители за враќање стари обврски. Градоначалникот Константин Георгиески лаже дека долгот бил 1.600.000.000 затоа што тој изнесуваше нешто под 1.200.000.00, а ВМРО-ДПМНЕ наследи долг од точно 2.038.000.000 токму направен од локалното владеење на СДСМ во Охрид. Намалувањето на долгот е заради средствата кои ги исплати Владата на РМ, но за жал за останатиот дел од долгот од октомври 2017 па наваму е добро познато во јавноста дека се дозволува да се наплаќаат долгови преку извршители со сите можни давачки: основен долг, камати, извршни, судски и процесни трошоци и дека таа сума воопшто не е мала. – стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ
Од опозцијата прашуваат дали извршувањата се дозволуваа по договор со доверителите кои се први на листата и за каква контра услуга?
-Со СДСМ имаме покачени даноци, поголема акциза, поскапа вода и паркинг, на секој чекор дивоградби. СДСМ и Георгиески во Охрид донесоа лаги, урбана мафија, криминал и загрозен статус на УНЕСКО. Учеството во предизборниот пазар спроведен од Георгиески со коалиционите партнери го доведе градоначалникот пред свои очи да гледа како да се градат бетонски бази и да нема сила да регира како вистински татко на градот.Уште многу фактури има Георгиески за плаќање. Георгиески и Оливер Спасовски не преземаат ништо за Охрид да го задржи статусот во УНЕСКО. – велат од ВМРО ДПМНЕ.
Опозицијата уште прашува ако СДСМ се на прав пат, тогаш зошто за 3 години потрошија 10 милијарди евра пари на граѓанитe?
-СДСМ вештачки и само на хартија ја зголемува минималната плата, а од тоа граѓаните немаат никаков бенефит.
Лицемерно е Мила Царовска да зборува за платите, а крие дека на една категорија на вработени во градинките на почетокот на годината им се намалени платите за околу 900 денари, како и дека Колективниот договор за платите во образованието изминативе три години не се почитува. – стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Ohriidnews