Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде на набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра. Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза, обвинува ВМРО ДПМНЕ.
Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата. Бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите. Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата. – стои во соопштението на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ ја критикува владат дека на помалку од 30 дена од стартот на учебната година нема план за образованиот процес, за зголемување најавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци, како и дека нема капитални проекти, а Владата продолжува со ново задолжување.
OhridNews