д-р Владо Стефановски
Заменик министерот за здравство, Владимир Лазаревиќ, на прес конференцијата ги презентираше приоритетите во здравството опфатени со програмата на ВМРО ДПМНЕ. Притоа тој истакна дека во наредниот период ќе продолжат реформите во примарното здравство и во болниците кои наскоро ќе добијат нови, поголеми можности за индивидуален развој со донесување на Законот за автономија на здравствените установи. Тој најави и новини во контролата на трошењето на здравствениот денар за што предвидено е законско решение со кое ќе се формира Собрание на осигуреници кое ќе ја надгледува работата на УО на Фондот за здравство.Исто така Лазаревиќ најави донесување на закони за јавно здравје и здравствена евиденција, како и трансформација на здравствените заводи во институти, со што како што рече ќе се подигне нивото на здравствените услуги.
М-р Владимир Лазаревиќ
ВМРО ДПМНЕ денеска најави дека посебен акцент ќе биде ставен на кампањата за трето дете за што се предвидени повеќе стимулациски мерки. Се предвивува породилно отсуство да може да користи и мажот, додека жените кои ќе родат 4 деца без оглед дали се во работен однос ќе имаат право на старосна пензија. Исто така се предвидуваат и повеќе поволности за вештачко оплодување, како и измени на Законот за усвојување деца, што според ВМРО ДПМНЕ треба да придонесе за зголемување на наталитетот во Македонија кој како што беше речено сериозно опаѓа.