Од општинската ВМРО- ДПМНЕ велат дека се особено горди што  предизборните ветувања кои им ги дале на граѓаните  успешно ги  реализираат, за што потврда е денешното  аминување на  Предлог одлуката  во градскиот Совет , која се однесува на изградба на административно – деловна трговска зграда која вклучува  и изградба на затворен зелен пазар.

– Модерниот  затворен зелен  пазар, кој Власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе го гради во Охрид,   ќе му даде нов лик на централното градско подрачје. Административно- трговската , деловна зграда  ќе го смени досегашниот лош лик на овој простор во градов а ЈП “Градски пазар“ ќе биде сместено во современо уредени  простории  за работа. Зелениот затворен пазар   ќе  има лик како  познатите светските центри  за  продажба на свежа храна, овошје и зеленчук а ќе ги исполнува  и европските хасап стандарди. Со тоа Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ става крај на очајната состојба во пазарот на која  долги години наназад немо гледаа претходните локални Власти и практично  не преземаа  ништо, градов да добие модерен зелен пазар, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека локалната  власт   од ВМРО-ДПМНЕ покажала дека знае да работи и да го реализира тоа што го ветила. Потенцираат дека власта и во наредниот период ќе продолжи чесно , макотрпно и отчетно да го реализира сето она што во изборната програма им го ветила на своите граѓани.  

    OhridNews