Владејачката ВМРО ДПМНЕ, традиционално, изборната кампања ќе ја започне од Охрид со голем митинг на градскиот плоштад. На митингот ќе биде претствен кандидатот за претседател, Ѓорѓе Иванов, а се очекува на охриѓани покрај лидерот на партијата, да им се обрати и кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче.
Завршниот митинг ВМРО ДПМНЕ ќе го одржи во Струмица.
ВМРО ДПМНЕ тргнува од Охрид
Другите политички партии се очекува деновиве да го соопштат распоредот на митинзи за претстојните претседателски и локални избори.