Струга и понатаму е удавена во нечистотија, ѓубре на секој агол, смрдеа и трулеж, обвини опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Градот е претворен во депонија, од секој струшки сокак се шири смрдеа од гнилеж и ѓубре во изобилство, а уште пострашно е тоа што, во текот на ноќните часови, истото, некои од граѓаните го палат, за да се ослободат од него,велат од ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Така ли треба да изгледа еден туристички центар во екот на летната сезона? Тоа ли го заслужува овој наш, прекрасен град? Жална е сликата на Струга! Истата е навистина загрижувачка, состојбата со (не)хигиената е видно влошена и негативно се одразува врз здравјето на граѓаните. И покрај претходната наша реакција, а секако, по барање и жалби на граѓаните, за подобрување на хигиената во градот, за жал, состојбата стана уште полоша, па дури и алармантна. – стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Опозициската партија бара од јавното комунално претпријатие со кое раководи кадар на СДСМ, и градоначалникот Мерко да преземат итни мерки за подобрување на хигиената во градот.
OhridNews