Во екот на летната сезона во Струга никогаш не билa позагаденa и позатрупанa со ѓубре. Центарот на градот и чаршијата наликуваат на депонија, а од неа, надалеку се шири непријатна миризба, обвинува ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.

Добро се сеќаваме на предизборните ветувања на СДСМ и градоначалникот на град Струга, Рамиз Мерко, дека депонијата ќе биде дислоцирана. И да е иронијата уште поголема, депонијата е дислоцирана, но за жал,во срцето на градот. Е па, почитувани господа од власта, ова не е европска Струга, а уште помалку европска Македонија.Европска Струга треба да биде чиста и средена и за време на летната сезона, но и преку целата година. – обвинува ВМРО ДПМНЕ.

Партијата го повикува директорот на ЈП Комунално,  да направи увид и да види, во каква состојба е градот.

OhridNews