ОО СДСМ Струга повторно лаже и манипулира со стружани и со целата Македонска јавност, со цел да си ги покријат грешките кои ги направија во минатото, се наведува во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ Струга во врска вчера изнесеното од страна на СДСМ дека во струшките училишта нема струја.
– ВМРО-ДПМНЕ им е виновна затоа што СДСМ ја изгласаа скандалозната територијална поделба во 2004 година, а патриотот Заев лично ја подржа со својот глас како тогашен пратеник . После овој закон започна уништувањето на Струга. Но СДСМ тука не застана, злоделата кон Струга ги продолжи нивниот Струшки огранок, кој најпрво го изгласа спорниот урбанистички план за Струшкото крајбрежје,со кој се планираше да се избришат од мапата на Струга објектите на спортските клубови, за подоцна и да ја раскинат коалицијата на локално ниво со ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга и да ја расцепкаат силната советничка група, велат од ВМРО- ДПМНЕ СТруга.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга не е коалиционен партнетнер на партијата на Зијадин Села, за што и јавно преку медиумите ја извести јавноста. Потенцираат дека долговите на училиштата се обврска на локалната самоуправа и дека министерството за образование и наука како и за другите градови така и за Струга ги исплаќа средствата кои се наменети за училиштата.
OhridNews