Во очи стартот на предизборната кампања, се вжештува политичката сцена во Охрид. ОК на ВМРО ДПМНЕ на денеска одржаната прес конференвија директно го обвини градоначалникот Александар Петрески, за опструкција на реализацијата на неколку капитални проекти од јавен интерес, финансирани од Владата.

Портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секуловски, праша сошто градоначалникот со месеци не успеал да го изменаџира сопствениот тим и мнозинството во Советот кое што го контролирал, да ги донесат потребните детални урбанистички планови кои ќе овозможеа реализирање на одобрените проекти од страна на Владата:  Марина за пловни објекти – инвестиција од 2 милиони евра; Олимписки базен во Охрид – инвестиција од 7 милиони евра; Изградба на 2 фудбалски игралишта во Охрид и Лескоец – инвестиции од четиристотини илјади евра и изградба на 4 тениски игралишта – инвестиции од двесте илјади евра

– Ако граѓаните на Охрид, посебно младите, имаат животен интерес за изградба на овие објекти, зошто г-дин Петрески таков интерес нема? Ако Општина Охрид има интерес од инвестиции во вредност од 9 милиони и шестотини илјади евра и има интерес да собере комуналии во вредност од околу 1 милион евра од реализацијата на овие проекти, зошто г-дин Петрески таков интерес нема? -праша Секуловски

Тој запраша зошто последните денови од мандатот тимот на градоначалникот ги троши во брзоплето носење на нови Детални урбанистички планови за повеќе атрактивни локации во градот?

– Кој е, и од каква природа е, интересот на Петрески за донесување на овие планови кои немаат ништо заедничко со општиот интерес на охриѓани? – рече Секуловски.

Ohridnews