Кандидатите за пратеници од Коалицијата ” За подобра Македонија ” во 5 ИЕ, Анита Кипаризовска-Крстеска, Александар Николоски ,Цветко Грозданов и Владо Стефаноски денеска на прес-конференција ги упатија завршните пораки до граѓаните.
Анита Кипаризовска – Крстеска им порача на граѓаните дека максимално ќе се залага за реализација на ветеното од програмата за преродба доколку го добие нивниот глас.
Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМН и кандидат за пратеник, Владо Стефаноски го побара гласот на граѓаните, не заради партиски или лични цели, туку, како што рече заради подобро утре на Република Македонија.
” Помагав за развојот на Охрид кога бев советник, кога бев пратеник во претходниот собраниски состав, а ветеното , ќе продолжам да го реализирам и во новиот парламентарен состав”, кажа Цветко Грозданов.
Цветко Грозданов
И Александар Николовски денеска вети дека без разлика на се, останува на програмските определби заедно со неговите сопартијци и коалициони партнери.