“Во што се претвори Охрид, градот прогласен за светско културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО? Во хаос или панаѓур?” запраша портпаролката на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Спасеска на денешната прес-конференција на која говореше за изгледот на Охрид по туристичката сезона.
ВМРО ДПМНЕ презентираше фото документација
” Дали тезгите со секакви можни стоки распослани од Горна Порта до Плаошник, покрај целиот кеј и низ чаршијата, дали столовите распослани во центарот и на секоја педа од она малку зеленило во тој дел и ужасната смеша од турбо-фолк, панк и техно до семожни други музики, дали паркинзите во тревниците, дали сметот неупсшно криен по ќошињата, дали кучињата – скитници распрснати низ градот се предусловите за успешна туристичка сезона”, го запраша Спасеска градоначалникот Петрески.
Таа се осврна на бркотницата што настанува кога охриѓани чекаат туристи, а упати критики до градоначалникот и гратската власт заради, како што рече, некатегоризираните супстандардни понуди, големата бучавост во стариот дел на градот и излевањето на канализацијата во езерото.
Ohridnews