Очигледно е дека во СДСМ се сè уште во шок по фијаското и дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја поддржуваат деструктивната политика на СДСМ, па со денешната прес конференција на Зоран Заев на која објавуваше креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали чија веродостојност не е утврдена, си дадоа нов автогол, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по новите аудио материјали кои ги објави опозициската СДСМ.

И покрај тоа што дополнително покажаа дека одработуваат единтвено за туѓи интереси, покажаа и дека немаат никаков капацитет и кредибилитет за водење на реална политика. Заев е толку завлезен во деструктивност што веќе навлезе и во сопствено и партиско дефакторизирање и автодеструкција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч. На сите им е јасно дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признаа пред институциите, го организирале прислушкувањето и делувале во соработка со странските елементи. Најприслушкувани биле луѓето од државниот врв што укажува дека ниту Груевски ниту Мијалков не дале наредба да се прислушкуваат самите себе. Соочен дека никој веќе не им верува и дека нема никаков ефект од ова што го прави, Заев прибегнува кон вакви апсурдни, површни и тргикомични прес конференции со кој самите се посипуваат со пепели во кои и самите не си веруваат во неточниот наратив кој сакаат да го наметнат, но на кого никој не му верува“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека со овие креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев потврдил дека измените на законот за следење на комуникации се донесени во транспарентна и демократска процедура, во процес на политички дијалог и со меѓународна верификација, и истите се изгласани и поддржани од пратениците на СДСМ меѓу кои и Радмила Шекеринска, Емилијан Станковиќ, Весна Бендевска, Митре Велјановски, Маринела Тушева, Тито Петковски и останатите.

„Свесен дека ова сценарио не му поминува тој повторно се заканува со насилство, со тензии и конфликтност, но Заев треба да знае дека секоја негова постапака во таа насока ќе биде остро осудена од страна на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ кој нема да дозволиме државата да биде заложник на неговото сценарио. Зоран Заев се поочигледно влегува во сопствената кал и секое негово сценарио се распрснува и разобличува. “, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews

Извор: „Макфакс“