Тој ги коментираше спорните урбанистички планови со кој како што рече, трајно го нарушиле изгледот на Охрид, а ќе го уништат и охридскиот туризам.
– Градоначалникот на Охрид по налог на својот шеф Бранко Црвенковски предлага дополнување и реализација на план со кој што ќе се уништи градскиот плоштад и автентичноста на Охридската чаршија. Предлага реализација на план со кој постојаниот комплекс ,,Летница,, ќе се надогради и продолжи во должина узурпирајќи го скоро половина плоштад се до споменикот на Св. Климент во вкупна корисна површина од над 5000 метри квадратни. –објасни Николоски.
Тој нагласи дека Комплексот Летница со овој план, имајќи ја предвид атрактивната локација и скоро минималните средства кои ќе бидат вложени, олигархијата на СДСМ ќе заработи помеѓу 13 и 15 милиони евра. Сума која како што рече, обичниот деловен сектор и обичните граѓани можат само да ја сонуваат.