ВМРО-ДПМНЕ со амандман ќе бара усогласување на платите во јавниот сектор, т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната, велат во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, велат во соопштението.

Согласно предлог амандманот кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ наставник кој што има коефициент 2.503, и досега земаат нето плата од 24.782 денари, би требало да земаат нето плата од 45.054 денари. Истото тоа го предлагаме и за средните училишта, односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат 45.594 денари, додаваат во соопштението.

Од СДСМ, пак, велат лицемерен е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите во јавниот сектор кога целата јавност гледа дека истата таа партија 10 месеци ги блокира законските измени со кои 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување и поголеми плати.

Како што Владата веќе најави и кажа на економско -социјалниот совет, дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ преговори и социјален дијалог, а не преку несоодветни, популистички амандмани, се вели во реакцијата на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

OhridNews